More

    (ФОТО) Колони на бензиските пумпи, граѓаните стравуваат од недостиг на гориво?

    Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која цената на горивата од полноќ се зголемува. Новата цена која ќе се наплаќа од полноќ ги натера граѓаните да ги наполнат резервоарите на своите автомобили. Колона возила чекаат на бензиските пумпи да наточат гориво.

    Граѓаните велат дека побрзале не толку поради цената, туку поради тоа што се шират гласина за можност од недостиг на горива.

    Инаку регулаторната комисија ги утврди новите цени кои според движењата на светските берзи ќе се зголемат за 1,9 насто. Горивата поскапуваат за 1,5 денар, додека екстра лесното масло и мазутот за еден денар повеќе. Па така, еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе се продава за 84 денари, додека 98-та за 86 денари, а дизелот за 75,5 денари по литар.

    ЕУРОСУПЕР БС- 95 84 денари
    ЕУРОСУПЕР БС- 98 86 денари
    ЕУРОДИЗЕЛ 75,50 денари
    МАЗУТ 48,1 денари/кг
    ЕКСТРА ЛЕСНО МАСЛО 74,50 денари

    turbo1.mk. истражи кога македонците плаќаа највисоки, а кога најниски  цени за гориво. Велат дека одговорот го побарале во годишните извештаи на регулаторната комисија за енергетика, каде после нивно детално чешлање откривме дека во бензинот 95 бил најскап во април 2012 година – 89 денари за литар, а најевтин исто во април но 2020-тата, само 48 денари. Дизелот, пак, сега ја има истата рекордна цена како во март 2012-тата, 75,50 денари за литар, додека во јануари 2016-тата за него сме плаќале безмалку половина од тоа – 39 денари, објави turbo1.mk. 

     

    фото: ФБ Нико Блажески

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    few clouds
    28.8 ° C
    28.8 °
    28.8 °
    42 %
    2.1kmh
    20 %
    Thu
    26 °
    Fri
    35 °
    Sat
    36 °
    Sun
    26 °
    Mon
    20 °
    spot_imgspot_img