More

    Муцунски: Се укинуваат дополнителните трошоци во градинките

    Почнувајќи од денеска, 1 март, се укинуваат давачките што досега ги издвојуваа родителите за своите деца во градинките, а во текот на годината целосно ќе бидат скратени сите дополнителни трошоци, вели градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски.

    „Со оваа одлука која ја донесовме заедно со Советот на општината родителите ќе бидат ослободени од трошоците што ги издвојуваа за хигиенскиот пакет, а во него се вклучени разни санитарни и хигиенски средства.  Општината постојано презема политики насочени кон постепено намалување на сите дополнителни трошоци што претставуваат товар за секое семејство. Воедно, сите следни материјали кои би се користеле би биле рециклирачки.  Од 1 септември оваа година ќе бидат целосно укинати и сите трошоци што се издвојуваат за наставно-образовни материјали за работа по групи во градинките“, вели Муцунски.

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    broken clouds
    17.8 ° C
    17.8 °
    17.8 °
    82 %
    0.5kmh
    75 %
    Tue
    28 °
    Wed
    28 °
    Thu
    27 °
    Fri
    28 °
    Sat
    19 °
    spot_imgspot_img