Србија обезбеди доволни количини на нафта и нафтни деривати, а снабдувањето со гас е целосно сигурно

0
557

Во Србија нафтата доаѓа од Блискиот Исток, од Ирак, а тој правец не е загрозен од конфликтите во Украина, имаме наши резерви на нафта и нафтени деривати и нема индикатор за покрененување на кризен план. Проблемите предизвикани од кризата во Украина не влијаат на енергетскиот пазар во Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопшти срспкото министерство за рударство и енергетика, кога станува збор за снабдувањето со гас, пазарот во Србија е целосно сигурен поради договорот што постои со Гаспром и непостои стравување дека добавувачите со нафта ќе престанат да снабдуваат.

-За два месеци имаме дизел и бензин, за пет до шест месеци имаме мазут, а за околу 4 месеци керозин, под услов да се оневозможи снабдувањето, што сега не е случај. Има кризни планови кога се работи за снабдување со нафта и гас, а ние сме далеку од активирање на тие планови, бидејќи нема показател дека влегуваме во кризна состојба. Денеска се одржа седница на Работната група за следење на безбедноста на енергетиката и енергетското снабдување, при што беше речено дека белградските електрани и топлани на Србија функционираат без проблеми. Имаат доволно енергија и испораката на топлинска енергија се одвива без проблем, изјави за РТС Петар Станојевиќ, специјален советник на вицепремиерката и министер за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ.

извор: МИА