Јаулески: На СДСМ не ѝ одговора функционален туку партиски Уставен суд кој ќе биде продолжена рака на Заев и Ковачевски

0
287

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески, на денешната седница на Собранието на Република Македонија кажа дека тука се дискутира за сѐ, само не за вистинските проблеми со кои се соочуваат граѓаните, кризите и ценовните шокови, како да им се помогне и најголем приоритет е предлог-одлуката за разрешување на член на Комисијата за избори и именувања.

– После локалните избори, претседателот на оваа комисија стана градоначалник и истата остана без претседател. Во меѓувреме, ние како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ баравме да се закаже второто заседание на тринаесеттата седница на оваа комисија. Иницијативата ја поднесовме до претседателот на Собранието Тала Џафери и бидејќи постојано сме обвинувани дека опозицијата ја кочи работата на Собранието, власта не ја закажуваше оваа седница со цел да не се избере претседател на Собранието. Причината за тоа е што власта го изгуби мнозинството во комисијата после локалните избори. – рече Јаулески.

Тој додаде дека со стопирањето на изборот се оневозможило брзиот избор на Уставниот суд, односно се оневозможило законито функционирање на таа комисија.
Јаулески се повика на Уставот и кажа дека таму е точно наведено дека пратеникот дејствува по свое уверување, а сега власта има проблем со тоа што пратеникот Фадил Зендели согласно неговото убедување одлучил да мисли спротивно од она што мисли власта и додаде дека тоа е причината за целото кочење на работата на комисијата.

– Вчера бевме сведоци како Талат Џафери и ДУИ работат како продолжена рака на Зоран Заев и Ковачевски. Незакажувањето на комисијата за избори и именувања го оневозможи изборот на Уставни судии додека не се избере ново мнозинство. Од тука излегува дека на СДСМ и Зоран Заев не им одговараше да има функционален уставен суд, односно им одговара да има партиски уставен суд. Сведоци за тоа сме како беше избрана Добрила Кацарска, таа е добро позната на јавноста како џелат на власта, онаа која треба да го вади Зоран Заев од неговите кривични дела, која треба да го помилува за поткуп итн. – додаде Јаулески.