More

    Зеленски му се заблагодари на Маск за помошта и сателитската поддршка со „Старлинк“

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на технолошкиот маг Илон Маск за поддршката на Украина со неговиот сателитски интернет систем „Старлинк“ (Starlink).

    „Следната недела ќе добиеме уште една серија „Старлинк“ системи за уништените градови“, напиша Зеленски во твитот со кој му се заблагодари на Маск „за поддршката на Украина со зборови и дела“.

    Украинскиот лидер кажа дека разговарале и за „можни вселенски проекти“.

    „Но, за тоа ќе зборуваме кога ќе заврши војната“, рече Зеленски.

    Старлинк, систем на компанијата на Маск „СпејсХ“, ќе им помогне на Украинците да добијат пристап до Интернет доколку откаже телекомуникациската мрежа или биде уништена во битка.

    Сателитската интернет услуга вклучува пренос на податоци од Интернет во вселената преку радио сигнали. Земјените станици емитуваат сигнали до сателитите во орбитата, кои ги пренесуваат податоците назад до корисниците на земјата.

    Старлинк управува со повеќе од 2.000 сателити и има земјени станици ширум светот што поддржуваат Интернет. (МИА)

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    27.8 ° C
    27.8 °
    27.8 °
    28 %
    4.6kmh
    0 %
    Wed
    25 °
    Thu
    28 °
    Fri
    29 °
    Sat
    29 °
    Sun
    29 °
    spot_imgspot_img