(ВИДЕО) Пленковиќ: „Точно, на леталото имаше бомба. Имаше експлозив“

0
629

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ се обрати по состанокот на врвот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ).

На почетокот рече дека се задоволни бидејќи нашле нов министер и обезбедиле пакет мерки за помош на граѓаните, пренесува хрватски Индекс.

„Дојде до голема бегалска криза, таа ќе расте. 2,7 милиони Украинци веќе ги напуштија своите домови. До денес, 6.300 Украинци дојдоа во Хрватска“, рече Пленковиќ. Тој додаде дека 40 отсто од пристигнатите се деца.

„Разговаравме и за најсериозниот проблем, падот на дронот или ракетата. Денеска одржавме состанок со сите надлежни органи“, рече хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

„Точно, на леталото имаше бомба. Имаше експлозив“, рече тој.

Но, тој вели дека недостасува цела низа важни информации. Засега не се знае кој, зошто и како ја испратил бомбата.