Oд денес основните прехранбени производи се продаваат со 0% ДДВ

0
445

Од денес основните производи се продаваат со 0% ДДВ.

„Би требало да има целосно намалување на делот на ДДВ-то за основните прехранбени производи, затоа би сакал да ги повикам и граѓаните да купуваат со фискални сметки заради тоа што таму може да видат дали трговците или пак маркетите ја применуваат мерката“, рече министерот за економија, Крешник Бектеши во емисијата „10 Минути“ на ТВ21.

Сите маркети кои продаваат леб, брашно тип – 400, млеко со масленост од 2 проценти, од 3,2 и 3,5  проценти масленост, бел шеќер, сончогледово масло, месо и други кланични производи за јадење, бел ориз и јајца ќе мора најдоцна до денес да ги прилагодат фискалните апарати.

 

извор: ТВ 21