Вработените во еко-паркот „Фелдман“ во близина на украинскиот град Харков ослободија елени, лосови, црвени волци и дел од птиците, кои можат да преживеат во природата. Ваквата одлука е донесена затоа што вработените во еко-паркот не можат да им обезбедат храна, објави „Би-Би-Си“.
Управникот на еко-паркот, Виталиј Илченко, вели дека дел од овој парк бил освоен од руските сили и дека тројца работници загинале.
Животните што се пуштени можат да преживеат, но лавовите и тигрите, што се останати во паркот може да умрат од глад – вели Илченко.