Евакуација во две црногорски училишта поради дојава за бомба

Основните училишта „21 мај“ во Подгорица и „Марко Миљанов“ во Бијело Поље биле евакуирани поради информации дека во училиштата се „поставени бомби“.

Училишните згради ги обезбедува полицијата, а антидиверзантските инспекциски екипи треба да проверат дали во тие објекти има бомби.

Од две други училишта во Подгорица, родителите се повикани да ги земат своите деца.

Полицијата се уште не се огласила за настанот.

Во електронската пошта на главниот град на 1 април пристигнала електронска пошта со закана дека ќе ги крене во воздух училиштата на 1 април, наводно зад руската организација „Машка држава“, предводена од екстремистот Владислав Поздњаков.

 

Радио Слободна Европа