Правото на штрајк е уставно загарантирано, но исто така и правото на образование. Местото на децата е во училиштата и во оваа ситуација единствено раководството на СОНК се одговорни за тоа што тие не го остваруваат правото на образование. Владата предводена од СДСМ предложи конкретен предлог за зголемување на платите во образованието и детската заштита од 10 проценти или во просек над 2500 денари, истакна на денешната прес конференција Богданка Кузеска од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение ја пренесуваме изјавата во целост:
Во време на глобална економска и енергетска криза кога владата прави се да го заштити стандардот на граѓаните и да спречи ценовни шкови.
Во време кога течат законските рокови за усгласување на минималната плата.
Одбивање на понудата значи продолжување на бесмислените уцени од страна на СОНК на штета на образовниот процес на учениците и ги става личните интереси пред интересот на децата.
СОНК смета дека 10 отсто или покачување на платите меѓу 2.500 и 3.000 денари не е доволно?
Ова едноставно не може да се смета за разумен став туку за очигледен притисок, уцена со што е евидентно дека СОНК личните интереси го става пред оние на децата.
Од 2017 година до денес, СДСМ платите во образованието ги покачи за 21%. Со овие дополнителни 10% тоа би биле 31% покачување кои за СОНК во услови на светска економска криза не се доволно.
За споредба, за пет години, од 2011 до 2016 година платите во образованието, во време на ВМРО-ДПМНЕ беа покачени за само 4%.
Зошто тогаш немало уцени на толку помали плати треба да одговори раководството на СОНК.
Зошто цела година нема реакција од СОНК за блокирањето на Законот од страна на ВМРО-ДПМНЕ за законот за наставници и стручни соработници, во кој меѓу другото има и решение за раст на платите е исто така прашање.
Владата предводена од СДСМ нема да се откаже од зголемување на платите во образованието и детската заштита.
Но, уцените треба да се заменат со дијалог, а наставата да продолжи
Сите мора да покажат одговорност, затоа што се работи за нашите деца, за иднината на нашата држава.