Стоилов: Ми беше голема чест и привилегија да ги бранам боите на Македонија, ви благодарам на сите за големата поддршка

Легендарниот капитен на скопски Вардар, Стојанче Стоилов важна алка во сите големи победи на македонскиот ракомет повеќе од една деценија, се збогуваше со настапите за репрезентацијата, пред се затоа што неговото тело повеќе не може да издржи, како што рече самиот.

Време е за смена на генерациите, децата можат и сами, не се веќе деца- емотивно и ненадејно се прости од репрезентативниот дрес легендарниот Столе кој членува во националниот тим од 2008-ма година.

Стоилов го објави повлекувањето откако даде значаен придонес во уште еден успех, откако вчера Македонија ја совлада Чешка и се пласираше за Светското првенство, 8-мо по ред за националниот тим.

Во репрезентативна пензија замина и Филип Миркулоски, централниот бек кој веќе оствари еден камбек во црвено-жолтиот дрес.

-Ми беше голема чест и привилегија да ги бранам боите на Македонија🇲🇰
Ви благодарам на сите за големата поддршка низ годините❤️од срце❤️
Македонија оди на светско!! 🇲🇰, напиша Стоилов на својот ФБ профил.