Како да се реагира за итно да се обезбедат енергенси за нормално функционирање на економиите во време на криза? Проблемите во снабдувањето со гас и нафта ги собраа сите министри за економија и енергетика од регионот и пошироко на состанок во Софија. Тие формираа нова регионална платформа за набавка на гас, откако Газпром реши да ги затвори вентилите за Бугарија. Платформата ќе ги координира плановите во регионот, набавките, залихите и транспортот, за да се обезбеди независност од рускиот гас. Министерот за економија Крешник Бектеши од Софија порача дека историските прашања треба да се остават настрана и да се донесат економски решенија од интерес за сите. Истакна дека Македонија работи на изградба на интерконектор кон Грција и преговара со Бугарија за уште еден интерконектор кај Струмица, објави Алфа.мк.
Министрите истакнаа дека едностраната одлука на Газпром да ги сопре количините на гас влијае врз бизнисите во повеќе земји. Претстојната грејна сезона не била толку далеку и уште сега треба да се размислува за алтернативно снабдување. Министерот за енергетика на Бугарија Александар Николов рече дека се бара баланс како да се извршат нови набавки, а цената да остане приближно иста.
Текстот во целост на: Алфа.мк.