Османи продолжува да не ја говори вистината и да го манипулира народот, бидејќи тоа што го слушаме од Софија е дека сигурно ќе нема преговори. Единственото нешто кое што може да се случи е да се случи прва меѓу владина конференција, кажа претседателот Мицкоски, како дел од одговор на прашање за изјавата на Бујар Османи во врска со можен договор и почеток на преговори со ЕУ.
Тој за јавноста појасни дека таа прва меѓу владина конференција е фолклор, настан без суштина.
-Ќе се сликаат претставниците на Европската Комисија и на македонската влада, и тука завршува се. Нема да почнат преговорите се додека целокупната преговарачка рамка, ние не ја испочитуваме, а во таа преговарачка рамка ќе бидат вклучени барањата од страна на Бугарија, вклучително и интервенцијата во македонскиот Устав, рече Мицкоски.
Претседателот потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржи тие промени во македонскиот Устав, бидејќи за тоа се потребни 2/3, токму поради тоа што немаме никаква гаранција дека со тоа се затвораат сите отворени прашања помеѓу Македонија и Бугарија, и дека до самото членство на Македонија во ЕУ, нема да имаме повеќе вакви хегемонски барања од страна на политичарите кај нашиот источен сосед.
Тој додаде и дека ако зависи од Османи, Ковачевски, и од Петков, преговори нема да има, ќе има во најдобар случај меѓу владина конференција, настан за камерите и фотоапаратите. А преговори ќе има кога ќе бидат исполнети бугарските барања кои што Ковачевски и Османи сакаат да ги прифатат и да бидат дел од преговарачката рамка, нешто на што ВМРО-ДПМНЕ нема никогаш да се согласи.