Едно лице загина во несреќата што се случи вчеравечер во близина на Клиничкиот центар

0
381

Едно лице загина во несреќата што се случи вчеравечер во близина на Клиничкиот центар.

Како што соопшти МВР околу 23.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Елисие Поповски – Марко“, мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Љ.А.(28) од Скопје изгубил контрола и удрил во ограда.

По несреќата Љ.А. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди и набргу починал.

Со телесни повреди се здобила сопатничката Г.С.(27) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Известен бил Јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.