Стоилковски: Оставка заради примитивизмот на Талат Џафери

Погледнете го вистинското лице на власта и примитивизмот во практикувањето власта, недостојно за Собрание на Република Македонија!

Не постои друг чекор по примитивизмот на Талат Џафери освен негова оставка! Талат Џафери, со сиот негов примитивизам во Парламентот, е недостоен да го води и да биде член на законодавниот дом. На примитивизмот од Форино не му е местото во Собранието! За ваков примитивизам, насилство, вулгарности, нема место во било кое Собрание најмалку во македонското, истакна на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата во целост:

Почитувани, оваа потврдена снимка од Талат Џафери во прашање ја доведува и неговата деловна способност, но и дали зад вулгарностите постојат зависности на Талат Џафери коишто предизвикуваат апстиненцијални кризи и невозможност за рационално водење на седниците на Собранието?

Не постои оправдување за ваков простотилак и прашање е дали сите коалициски партери во крими-власта го поддржуваат и би го оставиле без осуда ваквиот примитивен однесување од деспотот од Форино?

Објаснувањето од примитивецот од Форино дека „не знаел“ за вклучени микрофони, е само доказ за вистинското лице на власта и начинот на владеење – со насилство и понижување

Јасно е, кога крими-коалицијата СДСМ и ДУИ нема аргументи, деспотот од Форино станува нервозен и на површина испливува суштината, на површина испливува простотилакот кој што е слика за севкупното практикување на власта на крими- коалицијата!

Сето ова е само причина за негова неотповиклива оставка!