(ЖИВО) Света литургија во храмот „Свети Сава“ – По 55 години заедно МПЦ и СПЦ

0
211

Во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград српскиот патријарх Порфириј и архиепископот охридски и македонски Стефан служат архиерејска литургија за воспоставување на „литургиско и канонско општење на двете сетрински цркви“, однсно литургија на помирувањето, јави дописникот на МИА од Белград.

Вчера Синодот на МПЦ-ОА ја прифати поканата на СПЦ за одржување литургија на помирување.

– Ја прифативме поканата од српскиот патријарх, односно Соборот на Српската православна црква за да се воспостави евхаристичко единство со сиот православен свет со оваа архиерејска литургија што ќе се отслужи во Соборниот храм посветен на „Свети Сава“, изјави вчера портпаролот на МПЦ, владиката Тимотеј.

Литургијата ја одржуваат српскиот патријархот Порфириј со владиците од СПЦ и архиепископот охридски и македонски Стефан и тројца митрополити во ранг на најстарите, во придружба на неколку нивни соработници.

 

видео: tanjug.rs

фото:tanjug.rs