NEWS1 ве носи во „Гранд Блу Фафа“ во Албанија – полни плажи, исполнети капацитети, претопло време

0
425

Албанија, речиси во текот на целата календарска година ја посетуваат странски туристи. Главната туристичка сезона во оваа соседна земја официјално започна кон крајот на мај. Во тоа се уберивме и сами, при посетата на Гранд Блу Фафа. Полни плажи, исполнети капацитети, претопло време.

Генерален директор на Гранд Блу Фафа, Албулен Ндрепепај, за NEWS1 раскажува кај нив сезоната започнала на 10 мај, најпрво со група која имала меѓународен натпревар за афро-латински танци при што во ресортот биле сместени околу 2000 учесници.

„ Овој натпревар се одржува трета година по ред во Гранд Блу Фафа. Потоа продолживме со Travel Europe кои се француска клиентела, а сега од неодамна продолживме со Источна Европа како и Западна Европа со Итака која е една од најмоќните агенции за полската клиентела како и со Аполо за нордиските земји. Конечно работиме со чешки, словачки, италијански, германски агенции. Имаме клиенти и од земјите во регионот како што се: Македонија, Србија, Косово и Албанија“, вели Ндрепепај.

Тој е оптимист и очекува дека оваа сезона ќе биде една од најуспешните години на албанскиот туризам. Договорите за оваа туристичка година се затворени од септември и сега го имаме целиот капацитет на хотелот. Конкретно имаме околу 1200 луѓе во хотелот, вели директорот.

Фафа Груп е еден од првите што го воведе системот All-Inclusive во Албанија.

„Зедовме примери од земји како Хрватска, Турција, Египет. Гранд Блу Фафа нуди All-Inclusive услуга од 8 години и секоја година се додава и проширува со нови простори. Сега имаме нови проекти кои ги имаме во иднина, кои ќе ви ги прикажуваме во иднина“, раскажива генералниот директор.

Покрај понудата на хотелските капацитети голема помош за што поуспешна сезона е Драч има многу поволна клима.

„Драч е еден од најсреќните градови во Албанија. Доброто сончево време не недостасува во текот на целата година. Гранд Блу Фафа е одморалиште кое исполнува се. Имаме 2 простори за деца, ресторани, настани во текот на денот, бар, салон, музика во живо секоја вечер. Како и бифето каде служиме локална храна која многу им се допаѓа на туристите’, вели Ндрепепај.

За тоа, какви сезона имаа и како работеа, со колкав капацитет за време на пандемијата, директорот раскажува:

„Тоа беше многу голем предизвик за нас како бизнис, но и за туристите. Речиси сите агенции заминаа. Во тој период работевме само со Итака. Аполо се враќа оваа година. Бевме принудени да работиме во земји од регионот како Македонија, Србија и Косово. Не работевме со полн капацитет, околу 60%. Но, ние успешно го поминавме тој голем тест на пандемијата“, открива директорот.

Инаку „Гранд Блу Фафа“ е 4 сезонско одморалиште. Работат во текот на летната сезона, но и во текот на зимската сезона. Нудат прекрасна СПА која е дизајнирана од еден од најуспешните италијански архитекти Симоне Микеле. Имаат два базени, едниот за семејства кои се со своите деца, а другиот за возрасни. Има и сауна, парна соба, џакузи, како и масажи со професионален масер од Бали. Нудат и многу добра програма и во текот на зимската сезона. Не недостасува музика во живо, разни анимации, како и разни емисии кои го прават престојот на туристите незаборавен во зима.

„Ви благодариме многу што дојдовте во нашата прекрасна Албанија и што покажавте колку е убаво да се одморите овде, особено во одморалиштето Гранд Блу Фафа“, вели за NEWS1, Генерален директор на Гранд Блу Фафа, Албулен Ндрепепај.

]

извор: NEWS1.mk

фото: NEWS1.mk