Инфлацијата со нов рекорд. Во мај измерени 12% во споредба со истиот месец лани. Најголемо поскапување има кај храната, транспортот и енергенсите. За само една година, цената на маслото за јадење е зголемена за 40%, лебот над 21, млекото, сирењето и јајцата за 16 отсто. Драстично поскапување има и кај овошјето и зеленчукот, чии цени пораснале за 11,5, односно 18,5 %. Според статистиката,општо храната во мај поскапела за 17%, енергенсите за 8, а траспортот, поради високите цени на горивата, за дури 24%.
Експертите стравуваат дека инфлацијата ќе продолжи да расте и во јуни, затоа што голем дел од антикризните мерки , кои спречуваа пораст на цените кај основните прехранбени производи, од 1 овој месец, веќе не важат.
фото: Архива