Бислимоски: Во тек е постапка за одземање на лиценците на БЕГ

0
448

Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, на денешната прес-конференција, на прашањето за големите трошоци прикажани од страна на Балкан Енерџи Груп, вели дека во моментов е покрената постапка за одземање на сите три лиценци на компанијата.

– Во тек е одземање на сите три лиценци и толку имам да кажам. Во моментот кога ќе ги одземеме лиценците, ќе ја информираме Владата. Таа треба потоа да распише тендери, рече Бислимовски пред новинарите и додаде дека нема да има ладни радијатори ниту еден ден.

Во моментов не е познато која компанија би ги загревала скопјани со дистрибуција и снабдување на топлинската енергија, додека за производство прв кандидат е Адора Енерџи која веќе ги купи двете топлани од Топлификација.

фото: Архива