По новинарско прашање за тоа како ќе функционира оваа држава во случај на голема политичка криза и зошто не се нуди решение, премиерот Димитар Ковачевски посочи дека новинарот цело време поставува прашања со ист тон и начин на поставување.
„Сега ќе ви одговорам, гледам дека вие цело време поставувате прашања во исти тон и начин на поставување и тоа е добро… Прво ќе ви кажам како ќе функционираме…“, вели Ковачевски, на што лидерот на ДУИ, Али Ахмети додаде „Како до сега!“.
По ова премиерот Ковачевски го повтори истото, по што присутните започнаа да се смеат!
фото: PRTS