Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за престанок на лиценцата за парно греење на Балкан Енерџи(БЕГ) во Скопје. За ваквата одлука ќе биде информирана Владата, која заедно со Министерството за економија, ќе може да организира јавен повик за избор на нов оператор за производство на топлинска енергија, објави DW.
Претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски, очекува роковите да бидат куси за да може брзо да се организира топлинското загревање на станови и фирми во Скопје.
Ваквата одлука се донесе откако беше побарано престанок на важење на лиценцата поради неможноста за понатамошно нормално функционирање, кредитна неспособност на БЕГ и неможност да ги обезбеди потребните финансиски средства за продолжување на работата во новата грејна сезона.
Надлежните уверуваат дека скопјани нема да имаат последици од одлуката.
Во случај да снема природен гас од Русија, Северна Македонија е способна да најде природен гас од други места, како на пример од Грција преку Бугарија, како и да се користат алтернативни горива како мазут или дизел, вели Бислимоски.