Во рамките на активностите за одбележување на 70-годишниот јубилеј од премиерата на првиот македонски игран филм – „Фросина“, денеска во Кочани, во организација на Кинотеката и ЈОУ Библиотека „Искра“, со почеток во 20:00 часот ќе се одржи изложба на фотографии од филмот проследена со пригодно предавање и дискусија за значењето на овој филм во историјата на македонската кинематографија.
На иницијатива на Кинотеката, Македонската Радио Телевизија деновиве сними документарен филм за филмот „Фросина“, кој премиерно ќе биде прикажан на МРТ вечер во 20:45 часот. Автори на документарецот „70 години Фросина“ се Соња Самарџиева и Томи Алексов, а монтажата е на Влатко Ангелов. Филмот е во продукција на Македонската Радио Телевизија, наведуваат од Кинотеката
.
nezavisen.mk