Шпанија: Барселона го забранува пушењето цигари на плажите

0
398

Стапи на сила новата регулатива со што станува нелегално пушењето на плажите во Барселона, јавува Агенција Анадолија (АА).

Жителите беа предупредени во последните три месеци за новата мерка, со која на 10 плажи во градот ќе биде забрането пушењето цигари.

Минатото лето, градот спроведе слична шема на четири плажи.

За време на пробниот период истражувачите забележаа забележи пад на бројот на пушачи на плажите, иако оние што ја прекршуваа нормата, не беа казнети.

Во меѓувреме, истражувањето спроведено од Градското собрание на Барселона покажа дека повеќе од 80 отсто од жителите се за тоа на плажите да не се пуши.

Пушењето не само што е штетно за здравјето на луѓето, туку може да биде лошо и за животната средина.

Една студија покажа дека ѓубрето од цигари е единствениот најзастапен отпад на плажите во Западен Медитеран, што претставува 25 отсто од сите собрани предмети.

На отпушоците им треба една деценија за да се разградат. Бидејќи се лесни, лесно го наоѓаат патот од копното во морето, каде што се акумулираат. Отпушоците испуштаат хемикалии во животната средина и може да бидат консумирани од дивите животни во цела форма или додека се разградуваат во микропластика.

Барселона е првиот голем шпански град кој се бори против пушењето на плажите, но трендот се засилува низ целата земја.

До мај 2022 година, на околу 550 плажи низ Шпанија е забрането пушењето, што е драстично повеќе од 2014 година, кога беше забрането пушењето на само 15 плажи.

Во Барселона, казната за прекршување на новата одлука ќе биде 30 евра.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).