Политичките партии договориле формирање на работни групи кои ќе работат на надминување на забелешките на предложената преговарачката рамка, брифираат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.
Според предложеното, во тие работни групи се очекува да има по двајца преставници од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, по еден од ДУИ и Алијанса и уште еден од помалите парламентарни политички партии.
Првата средба би можело да се одржи уште утре, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ова доаѓа по повикот на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски да се разговара за измени кои би го подобриле предлогот чија моментална форма, како што оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ, е на штета на државните и национални интереси.
извор: Алсат
фото: Архива