(ВИДЕО)Хаос на плажа во Турција, капачите мислеле дека големата риба е ајкула и ја бркале со џогер

0
439

На интернет се појави видео од капачи како напаѓаат ајкула со метли, пишува Irish Mirror. На вознемирувачката снимка се гледа како толпа луѓе ја удираат голема риба, мислејќи дека е ајкулата додека таа плива околу нив и се обидува да избега.

Огромна риба која плива меѓу капачите на плажата е уловена. Претходно рибата предизвикала паника, бидејќи капачите мислеле дека е ајкула. Станува збор за вид на медитеранска риба која не е агресивна.

Откако снимките се проширија на социјалните мрежи, се огласија и властите од општина Мармарис. Во соопштението стои и објава дека „при влегувањето во море не треба да носите стап од џогер“.

извор: YOUTUBE AL Travel

фото: PRTSC