Стојкоски: Започнавме реконструкција на три училишта, изготвена е проектна документација на фотоволтаици на сите општински објекти

0
413

На самиот почеток затекнав исклучително тешка финансиска состојба на општината со превземени обврски од приближно 4 милиони евра и доспеани долгови за плаќање од приближно 2 милиони евра. Сума која го надминува основниот годишен буџет на општината, истакна градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски на денешниот регионален отчет „Промени што носат иднина – 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“, додавајчи дека ваквата ситуација е само мотив веднаш да се фати за работа и активност и од општината да направи модерно, хумано и урбано место за живеење

Успеавме за кратко време да го решиме деценискиот проблем и да ја расчистиме најголемата дива депонија во Ново Село, расчистени се над 11 хектари површина и одложени се над 200 метри кубни градежен смет и шут, создадовме слободен простор, а на истото место заедно со градот Скопје набрзо ќе започнеме со изведба на нов МЕГАПАРК, прв после десетици години во Ѓорче, вели Стојкоски.

Стојкоски додаде дека успеале да исчистат и повеќе помали депонии во индустриската зона на Шарпланинска и во урбаното јадро на општината.

Покрај оваа успеавме да исчистиме и повеќе помали депонии во индустриската зона на Шарпланинска и во урбаното јадро на општината, истакна тој.

За првите 100 дена Стојкоски потенцираше дека подигнат е нов парк од 1000 м2 со автономен систем за наводнување за тревните површини и дрворедите покрај булеварот “Македонска војска.

Подигнавме нов парк од 1000 м2 со автономен систем за наводнување за тревните површини и дрворедите покрај булеварот “Македонска војска”. Ревитализирани и подигнати се над 2000 м2 зелени површини комплетно опремени со ситеми за наводнување со прскалки. Со акцијата се опфатени локации покрај ул.Васил Чакаларов во УЗ Хром, ул. Македонска Војска во УЗ Ѓорче Петров и покрај ул. Лука Геров во населбата Даме Груев, кажа Стојкоски.

Во делот на изведба на инфраструктура, Стојкоски потенцираше дека подеднакво се работи и во урбаниот и руралниот дел на општината.

Изградивме нови 500 метри водоводна мрежа на крак од ул.22 и 102 во Волково, изведена е атмосверска канализација во должина од 850 метри на ул Манчу Матак, а се работи и на изведба на капитална инвестиција, атмосверска канализација на ул.Радушка во должина од 1200 метри. Изградивме нови 2000 м темпониран пристапен пат за жителите на Орман и Никиштани, за олеснет пристап до обработливите површини.Се реконструираше коловозот на улиците Беаз Куле во Дексион, Алексо Демниевски 23 во Диво Маало, Крсто Раковски во , а во тек е изведба на нов коловоз и на улицата Манчу Матак во Хром, вели Стојкоски.

Градоначалникот Стојкоски посочи дека во моментот се одвиваат градежни работи во три училишта во Ѓорче Петров, како и дека е во тек е поврзуваме ПООУ Беровски и градинката во Хром со системот за централно греење.

Во моментов се изведуваат градежни работи во три училишта во Ѓорче Петров. Започнавме со целосна реконструкција на ходниците во ООУ Димитар Поп Ѓоргиев Беровски и тоалетите, а ќе следи и изведба на енергетски ефикасна фасада. Ги поврзуваме ПООУ Беровски и градинката во Хром со системот за централно греење со што ќе придонесеме за намалување на загадувањето во овој дел на општината, објасни тој.

Изготвуваме проектна документација за поставување на фотоволтаици на сите општински објекти, проект со кој отпочнуваме да работиме во насока на енергетски независна општина.

Во однос на општинското работење, Стојкоски подвлече дека во наредниот период ќе се започне со дигитализација и модернизирање на општинските услуги преку примена на веб апликација, лесно достапна и функционална.

Во наредниот период започнуваме со дигитализација и модернизирање на општинските услуги преку примена на веб апликација, лесно достапна и функционална. Отпочнуваме со уредување и на локалитетот Крст во Кучково и изградба на пешачка и вело патека со што Ѓорче добива современ спортско рекреативен центар за аутдор активности, објасни Стојкоски.

Во напредна фаза на имплементација е и проектот со меѓугранична соработка за изградба на пречистителна станица и колектор за фекалната мрежа во село Орман, со што Ѓорче ќе биде првата општина со две пречистителни станици во руралниот дел на општината. Во тек е и набавка за изведба на нова бушотина за вода во село Кучково, проект со кој го решаваме горливиот проблем на местното население, а го ветивме како приоритетен за решавање, нагласи Стојкоски.