(ЖИВО) Во Собранието денеска продолжи 81 седницата – ечат вувузели …

Во Собранието денеска продолжи 81 седницата, на чиј дневен ред единствена точка е владината Информација за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија, предложена од француското претседателство. Владата ја достави информацијата до Собранието за „разгледување и донесување дополнителни заклучоци“.

За збор се пријавени вкупно 42 пратеника. Седницата, исто како и вчера продолжува со скандирања и свирежи.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не ги оставаат колегите од СДСМ мирно да одржат говор од собраниската говорница. Само што ќе почнат говорите на пратениците од владејачкото мнозинство, тие почнуваат да свират со вувузели. Опозицијата е на став дека Собранието непотребно се вмешува, оти Владата ја носи одлуката за прифаќање или не на модифицираниот француски предлог.

видео: Собрание