Зошто доларот го надмина еврото?

0
358

Американскиот долар го надмина еврото и ја достигна највисоката вредност во последните 20 години. Колку енергетската криза може да ја турне економијата на еврозоната во рецесија.

Американскиот долар – кој сочинува 60 проценти од светските девизни резерви – се смета за безбедно засолниште во време на геополитички турбуленции и нарушувања, кои започнаа со пандемијата на коронавирусот, а се влошија со избувнувањето на војната во Украина.

Некои аналитичари предвидуваат дека еврото би можело да падне на 90 американски центи доколку Русија ја ескалира кризата со прекинување на дополнителните испораки на гас за Европа, пишува „Блумберг“. Од почетокот на јули, трговците со опции се обложуваат на 0,95 долари за едно евро.

 

Рдио Слободна Европа