IИРЛ го објави документарниот филм посветен на махинациите и манипулациите во болницата ЖАН МИТРЕВ која се прослави по својот „Ковид центар“ во кој граѓаните плаќаа десетици илјади евра за лекување, никогаш смртноста до сега јавно не се обелодени и притоа сега се покажува дека на нив се вршел експеримент.
ИРЛ истражувал но НЕ НАШОЛ поткрепа за кариерата на Жан Митрев во Германија бидејќи пред да дојде во Македонија беше прикажан како кардиолошка ѕвезда во Германија.
Митрев во емисијата тврди дека држава ништо не му дала, но тогашниот премиер Љубчо Георгиевски во емисијата тврди дека државата на Митрев му ја купила опремата и му дала монопол. Георгиевски потенцира дека Митрев треба да е барем благодарен за тие подароци кои ги добил од нашата држава.
Емисијата го опфаќа и медиумското манипулирање со јавноста и гостувањата на Митрев по телевизиите ( каде има реклами ) со чија помош изградил имиџ на болница со светско реноме.
Клиниката ЖАН МИТРЕВ имала поголема смртност од државната клиника.
Пациент фатил најмалу 5 бактерии во болницата, притоа добил тешки инфекции и починал. Но од болницата никој не им кажал какви бактерии фатил пациентот туку преку свои канали дошле до оригиналните резултати од проверктие кои покажале дека бактерии.
Наградите на Митрев биле купени за пари. Наградата од Оксфорт ја купил за 9300 фунти, од организација која нема врска со Оксфорт.
Академијата Платон која му ја дала титулата АКАДЕМИК била од Бугарија. Митрев воопшто не бил Аакадемик, туку тоа сам си го додал и така секаде се птопишувал.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО КОЕ ГО РАСТРЕСЕ ДО ТЕМЕЛИ МАКЕДОНСКОТО ПРИВАТНО ЗДРАВСТВО ВО КОЕ „НЕ СЕ ЗНАЕ НИ КОЈ ЈАДЕ НИ КОЈ ПИЕ, САМО СЕ ЗНАЕ КОЈ ПЛАЌА“
https://www.youtube.com/watch?v=vm538U5IjIQ