Во Франција пронајдено мртво 14-месечно бебе кое татко му го заборавил во автомобил

0
389

Почина бебе кое татко му го заборавил во автомобил во подрачјето на Атлантските Пиринеи, југозападниот дел на Франција, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста што ја објави РТЛ (RTL), таткото кој живее во градот Бордо, 14-месечното бебе кое требало да го однесе во градинка, го заборавил во возилото оставено на паркинг и заминал на работа.

Откако раководството на градинката информирало дека бебето не е во градинка, бебето заборавено во возилото, повеќе часа подоцна било пронајдено мртво.

Во јуни, во градот Сен Назер, во француската област Атлантска Лоара, западниот дел од земјата, друг татко на ист начин одејќи на работа беше причина за смртта на своето бебе кое го заборавил во возилото.

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото:Агенција Анадолија (АА).