(ВИДЕО) Локално невреме со пороен дожд во Скопје – во Аеродром откорна покрив, а има и паднати дрва

Делови од Скопската котлина попладнево беа зафатени од локално невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од силниот ветер има и паднати дрва, објави Телма.

Невреме во Аеродром откорна покрив на кула во Острово.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by News1.mk (@news1.mk)

Синоптичарите најавуваат нестабилно време и за утре, а преодно стабилизирање се очекува во петок, додека за време на викендот во попладневните часови повторно ќе има изолирана појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Од недела ќе дува засилен северен ветер и ќе има пад на температурата.

фото: Телма