Секој нов ден на чело со СДСМ и ДУИ на власт е нов неуспех на власта и на Република Македонија. Власта секојдневно се обидува да го покрие сопствениот неуспех и тоа им стана практика меѓутоа не им поминува. Во обид да го затскрие својот неуспех се обидува да ги обвини ЕУ за нивниот неуспех или пак ВМРО-ДПМНЕ за недоволна борба за она кое што тие го направија како предавство. Граѓаните се свесни и не им успеа ништо од тоа. И на крајот од денот граѓаните повторно се свесни каква катастрофална национална политика води СДСМ и оваа Влада, изјави на денешната прес конференција, Димче Арсовски порптарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој истакна дека СДСМ и власта имаа две цели за покривање на својот неуспех, но ниту една од двете цели за перење на сопствениот неуспех и распродавање на националните интереси не им помина.
Ниту првата цел да ја обвинат ЕУ за позицијата во која што во моментов се наоѓа Република Македонија на дипломатски план односно на европскиот пат, ниту пак втората цел преку својот полусвет кој што го контролира СДСМ да го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека недоволно се борело. Ниту една од овие две цели не им успеа. Граѓаните се свесни. Патем за првата цел, најдобар пример беше нападот и канонадата ако сите добро се потсетиме и се сеќаваме, врз господинот Тимоние, поранешен амбасадор на Франција во Македонија кога се менуваше методологијата на ЕУ, каде што сите координирани од СДСМ го нападнаа поранешниот амбасадор. А, вториот пример за втората цел е најголемата небулоза е дека истовремено СДСМ ги обвинува ВМРО-ДПМНЕ ем дека недоволно се бореле, а од друга страна ги обвинува дека се однесуваат радикално. Очигледно е дека СДСМ и власта се однесуваат дезориентирано и хаотично, затоа што граѓаните го препознаа ова предавство на СДСМ. Народот препозна предавство. Народот одлучно препозна дека за сите овие предавства кои што ги направи СДСМ дали е тоа на дипломатски план, дали е на економски или на било кој друг план, не е виновен никој друг, единствено е виновен СДСМ и власта на чело со Димитар Ковачевски, Зоран Заев и Стево Пендаровски. Затоа и ќе ги стигне ова предавство на наредните избори каде што ќе загубат толку силно што ќе дојдат до расформирање на нивната партија- појасни Арсовски.
Портпаролот посочи дека СДСМ наспроти националниот неуспех, нарушувајќи ги позициите и државните интереси, руши негативни рекорди во регионот и на економски план.
Убедливо Република Македонија има најнизок раст на БДП буквално во целиот регион, убедливо најнизок. Убедливо има најмалку странски инвестиции, а едно време бевме како држава и лидер во регионот по донесени странски директни инвестиции. Што уште еднаш покажува дека никој, ама баш никој ниту во државава, ниту од надвор, немаат доверба во оваа Влада, во овие луѓе кои што ја водат Владата и немаат доверба во целиот систем со кој што го има поставено оваа криминална власт. СДСМ преку националното предавство се обидуваат да купат уште некој ден повеќе да бидат на власт, за да може да донаместат уште некој тендер или да доискрадат уште тоа што им останало. Најкорумпираната влада на СДСМ не може да биде поевропска од било која друга во Република Македонија во ниту еден случај. За крај да потенцирам уште еднаш јасно и гласно, уставни измени со ВМРО-ДПМНЕ нема да се случат, во ниту еден случај нема да се случат. Граѓаните шамарот на власта за предавството најпрвин треба да им го удрат на референдум, а потоа и на избори кога ќе ги однесат буквално до расформирање со поразот со кој што им го нанесат. Нема промена на Уставот на Република Македонија под овие околности, по ниту една цена. Јавно повикуваме и како партија и како политичари од оваа партија да поддржиме референдум, сите заедно да повикаме и шансата да одлучува да ја има народот да донесе одлука, а не да ја носат одлуката политичарите кои што се корумпирани од власта за нивното лично коруптивни интереси. Одлуките на власта, одлуките на политичарите од СДСМ не се во интерес на граѓаните – дециден е Арсовски.
Тој порача дека не смее да има повеќе разочарувања, не смее повеќе неуспеси и народот не смее повеќе да губи надеж.
Доволно генерации пропаднаа заради владите на СДСМ – додаде Арсовски.
извор: ВМРО ДПМНЕ
видео: ВМРО ДПМНЕ