Младо лице пронајдено застрелано во автомобил во скопско

0
391

На 05.08.2022 во 01:40 часот на самата крстосница помеѓу с.Радуша и с.Свиларе, скопско, полициски службеници од Полициското одделение Сарај во патничко возило „рено меган“ со пробни регистарски таблички пронашле лице без знаци на живот, со повреда од огнено оружје.

По преземени мерки било утврдено дека станува збор за А.А.(39) од с.Никуштак, општина Липково.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. По наредба на Јавен обвинител, телото било предадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

извор: МВР