Твитер – По грешка се суспендирани сметките на српските политичари

0
223

Компанијата Твитер во врска со случајот на суспендирани сметки од Србија, соопшти дека таквите присилни мерки биле преземени по грешка.

„Во овој случај, по грешка презедовме извршни дејствија за голем број сметки и тие беа вратени. Наш врвен приоритет е да го заштитиме здравјето на разговорите на Твитер“, се вели во писмената реакција на компанијата до Радио Слободна Европа (РСЕ).

Компанијата Твитер вчера ги суспендираше сметките на десетици сегашни и поранешни пратеници и политичари на владејачката Српска напредна партија во Србија, како и на еден владин функционер.

„Продолжуваме да ги применуваме нашите правила разумно и непристрасно за сите сметки кои се впуштаат во однесување кое ги прекршува правилата на Твитер во согласност со нашиот опсег на можности за спроведување“, изјавија од компанијата Твитер за РСЕ.

 

Радио Слободна Европа