„Стандард и Пурс“: Денарот е стабилен, банкарскиот сектор – стабилен и висококапитализиран

Курсот на денарот останува стабилен, додека високо капитализираниот банкарски сектор оди во прилог на потврдата на кредитниот рејтинг на земјава од страна на кредитната агенцијата „Стандард и Пурс“, односно „ББ -“ со стабилен изглед. Во услови на глобална криза предизвикана од ценовните пристисоци од примарните производи, потврдата на кредитниот рејтинг на земјава е силен сигнал за макроекономската и финансиската стабилност.

Во извештајот на кредитната агенција се наведува дека не се очекуваат промени кај фиксниот курс на денарот врзан за еврото. Во извештајот се посочува на ефектите од растечките цени на енергенсите на девизниот пазар,  при што очекувањата на „Стандард и Пурс“ се дека овие притисоци ќе се намалат со постепеното намалување на цените на енергијата ќе се намалуваат. Притоа, кредитната агенција укажува на приливите на странските директни инвестиции коишто се стабилни, како и на надворешното задолжувањна државата како фактори што ќе обезбедат дополнителна поддршка на девизните резерви.

Во извештајот за кредитниот рејтинг се наведува дека врските на нашиот финансиски сектор со Русија се ограничени, оттаму не се соочивме со последици од санкциите врз подружниците на руските банкиЗабележуваат дека првичниот ефект од почетокот на војната во Украина врз депозитите е стивнат, при што од страна на агенцијата се наведува дека не очекуваат значителни дополнителни повлекувања на депозити или нивна конверзија во странска валута. Во извештајот се нотира и дека стапката на нефункционални кредити останува ниска на 3%, а стапката на адекватност на капиталот е стабилна на 17%, со што тој и понатаму останува здрав и стабилен.

Од страна на „Стандард и Пурс“ се посочува и на досега преземените мерки на Народната банка коишто се во насока на стабилизирање на инфлацијата, но и зголемување на преференците за располагање со домашна валута и дополнително зајакнување на капацитетот на банките за справување со шокови.

извор: Народна банка