Jотова: „Хероите му припаѓаат на бугарскиот народ, за кого го дадоа најскапоценото нешто – својот живот“

0
329

Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова ја одбележа 119-годишнината од Илинденско-Преображенското востание во областа Петрова нива заедно со стотици луѓе од цела Бугарија, јавува БГНЕС, пренесува Трибуна.

„Од утробата на планината Странџа и денес го слушаме повикот за слобода и единство на нашите браќа до ослободените планини Рила и Родопи. По тесните планински патишта сè уште ги слушаме тажните тракиски песни на нашите мајки, кои со себе го зедоа, најскапоценото нешто, само своите деца, за да побараат спас во Татковината“, изјави во својот говор Илијана Јотова.

„Илинденците и преображенците се соочија со замислата на големите сили и поробувачот, не штедеа ништо во стремежот за слобода и независност“, истакна потпретседателката Јотова.

Илијана Јотова се изјасни против обидите за искривување на бугарската историја. „Секој лажен факт е злосторство против следните генерации и подбивање со споменот на хероите кои нема да дозволиме да бидат поделени. Хероите му припаѓаат на бугарскиот народ, за кого го дадоа најскапоценото нешто – својот живот“, нагласи потпретседателката.

Јотова е убедена дека Бугарија не заслужува политичари кои не ја познаваат долгата и славна бугарска историја. „Ваквите политичари лесно ги издаваат националните интереси“, посочи таа.

Потпретседателот им се заблагодари на Сојузот на тракиските друштва во Бугарија и на неговиот претседавач Красимир Премјанов за нивните активности. Од своја страна, Премјанов ја истакна постојаната поддршка на претседателската институција за тракиската кауза. „Нема да престанеме да бараме правда за бежанците од Тракија – ова е правда не само за нивните семејства, туку правда за доброто на историјата“, истакна Илијана Јотова.

 

zoom.mk