Силен земјотрес ја погоди кинеската југозападна провинција Сечуан

0
251

Земјотрес со сила од 6,8 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди планинската област во западниот дел на кинеската провинција Сечуан, соопшти Кинескиот центар за земјотреси. Епицентарот се наоѓал во градот Лудинг на длабочина од 16 километри на околу 180 километри југозападно од главниот град на Сечуан, Ченгду. Жителите од далечните Чангша и Ксиан рекоа дека го почувствувале земјотресот во Сечуан.

 

Радио Слободна Европа