На 14.09.2022 во 16.30 часот на наплатната станица Сопот, на автопатот „Пријателство“ полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Д.(38) од Велес. При извршен преглед на патничко возило „фиат пунто“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена околу еден килограм марихуана. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
извор: МВР
видео: МВР