Денеска на Клиниката за кардиохирургија била извршена трансплантација на срце од починат донор. Освен трансплантацијата на срце, на Клиниката за урологија се прават две трансплантации на бубрег, а во наредните недели пациенти со коскени тумори и тешки повреди ќе имаат можност за квалитетно лекување.
Рано утрово на Клиниката за државна кардиохирургија, 46 годишен пациент со тешка срцева болест доби срце од починат донор и нова шанса за живот. Во моментот, на Клиниката за урологија се прават две трансплантации на бубрег кај млади пациенти со бубрежна слабост кои беа долги години на дијализа. Дополнително во наредните недели пациенти со коскени тумори и тешки повреди ќе имаат можност за квалитетно лекување, објави Министерството за здравство на својот профил на Фејсбук.
МЗ искажа голема благодарност до семејството на донорот, до нејзинте три исклучително хумани ќерки кои во моменти на најголема тага одлучија да ги донираат органите и да спасат не еден, туку неколку животи.
Уште еднаш ни покажаа дека хуманоста и добрината се доблести кои треба да ги чуваме и негуваме. Би сакал да се заблагодарам и на уште едно семејство на младо момче кои вчера и покрај својата голема болка исто така изразија подготвеност да ги донираат органите.
Овие две семејства ја ставија емпатијата над сопствената болка и траума и благодарение на нив не еден туку неколку пациенти добија шанса за нов живот, вели министерот за здравство Белим Сали.
Во трансплантациите учестуваат лекари од клиниките за КАРИЛ, неврохирургија, кардиохирургија, урологија, нефрологија, кардиологија, трансфузиологија, рендген, ортопедија, како и до болничките координатори и до националниот координатор за трансплантација, кои заедно изминативе 24 часа работеа и се уште работат.
На пациентите кои добија орган и посакувам побрзо опоравување, напиша Сали.
извор: ФБ Министерство за здравство