Приведени разбојници на подрачје на Бит Пазар

0
288

На 01.10.2022 околу 18,00 часот на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишени од слобода се Е.Д.(23) и Џ.И.(22), женско лице, двајцата од Скопје затоа што во 15.56 часот во СВР Скопје Р.Б.(26) од Скопје пријавил дека на кејот на реката Вардар, кај МТВ, му одзеле пари и му нанеле повреда со остар предмет.

По извршениот претрес кај пријавените пронајден е нож и пари. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

извор: МВР