Во Нов Зеланд угинаа над 250 насукани пилот-китови

0
185

Над 250 пилот-китови угинаа по масовното насукување на Јужниот Остров во Нов Зеланд, објавија денес државните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Насуканите китови умреа на островите Чатам“, објави Радио Нов Зеланд цитирајќи го генералниот директор на организацијата за спасување китови „Проект Јонах“, Дарен Гровер.

Еден ден претходно, од „Проект Јонах Нов Зеланд“ рекоа дека имало второ масовно насукување на пилот-китови на островите Чатам, овој пат на островот Ранџаурија/Пит, на околу 40 километри јужно од насукувањето во текот на викендот.

„Повторно, ова е неверојатно изолиран и оддалечен дел од светот, со мала популација и познат по големите бели ајкули кои претставуваат ризик и за луѓето и за китовите“, се вели во објавата на „Проект Јонах“ на Фејсбук.

Неколку такви инциденти се случија претходно на островите Чатам, вклучително и угинувањето на над 215 китови пред само неколку дена.

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).