Над 100 рудари се заробени под земја по огромната експлозија во Турција. Пожарникарите и многу медицински екипи се на терен во градот Бартин.
Засега официјално не се знае колку рудари се заробени, а телевизијата „А Хабер“, која се повикува на локалните власти, информира дека на лице место, на длабочина од 300 метри, имало 115 рудари, пренесува РИА Новости.
Подземната експлозија се случи околу 18:15 часот по локално време.
Четворица рудари успеале да излезат од јамата, а турските медиуми јавуваат дека засега нема информации дека некој го загубил животот.
Акцијата за спасување е во тек.
извор: РИА новости
фото:TRT Haber