DARPA и Raytheon работат на развојот на нова технологија – систем за далечинско дистрибуирано напојување на електрични возила и роботи

0
111

DARPA и Raytheon работат на развојот на фантастична нова технологија – систем за далечинско дистрибуирано напојување на електрични возила и роботи.
Мрежа од летачки дронови прима и пренесува електрична енергија од генераторите до потрошувачите со ласери, наизменично, флексибилно и брзо. Звучи апсолутно фантастично. Како ARPAnet во 60-тите.

Нашите внуци веројатно ќе го видат ова – целосна автономија на машините кои добиваат енергија не од жици, туку од небото/просторот. Го одзема здивот. Нереално тешко, но нереално кул кога ќе биде реализирано.

„Веруваме дека следната енергетска револуција ќе биде овозможена од безжичната енергетска мрежа“, рече Калхун. „Ова значително ќе го намали времето на транспорт и ќе обезбеди одржлива дистрибуција на енергија до потрошувачите во воздух, на копно, на море, под вода и во вселената“.

Ова била визијата на Тесла, кој што не успеал во свое време да ја реализира.

извор: ФБ Дарко Тодоровски