По санкциите што ЕУ и САД ги воведоа против Русија поради воените операции во Украина, пред филијалата на една од двете најголеми руски банки Сбербанк во Загреб утринава се забележани редици, пишува хрватскиот портал Дневник.
Како што се наведува, Загрепчани во страв ги повлекуваат своите заштеди, а за да се спречи паничното подигнување пари, за денеска е најавена прес-конференција во хрватското Министерство за финансии.
– Вчерашниот напад на Русија врз Украина предизвика загриженост во сите области од животот, како и во областа на осигурувањето на депозитите, особено во однос на руските банки кои работат во Република Хрватска, поточно Сбербанк д.д., соопшти Хрватската агенција за осигурување депозити.