Во пукање во училиште во САД животот го загубија 18 деца и тројца возрасни

Бројот на загинати во оружениот напад во училиште во американската сојузна држава Тексас се зголеми на 21, од кои 18 деца и тројца возрасни, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Роланд Гутиерез, сенаторот на Тексас, во изјава за „Си-ен-ен“ (СNN) рече дека од државната полиција добил информации за најновата ситуација, според кои, досега во оружениот напад животот го загубиле 21 лице, од кои 18 деца од основно училиште, двајца возрасни и напаѓачот.

Грег Абот, гувернерот на Тексас, на прес-конференција што ја одржа веднаш по нападот, соопшти дека загинале 14 деца и еден возрасен.

Полицијата соопшти дека во престрелката е неутрализиран Салвадор Рамос (18), кој извршил оружен напад во Основното училиште „Роб“ во градот Увалде.

Медиумите објавија вест дека напаѓачот Рамос, жител на истоимениот град, бил ученик во гимназијата која се наоѓала веднаш до основното училиште во кое е извршен нападот, а полицијата сѐ уште не се огласи за причината на нападот.

Нападот на училиштето „Роб“ е евидентиран како најсмртоносниот напад на училишта во историјата на Тексас и е втор по големина во САД по нападот на Основното училиште „Сенди Хук“ во сојузната држава Конектикат во 2012 година, во кој животот го загубија 28 лица.

Текстот во целост на: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).