Во Франција утрово во 8 часот започна гласањето на првиот круг од парламентарните избори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Реизбраниот претседател Емануел Макрон се чини дека ќе го освои мнозинството, но се соочува со силна конкуренција од алијансата на левичарските партии, социјалистите, зелените, комунистите и партијата Непокорена Франција.
48,7 милиони граѓани се со право на глас за избор на 577-члениот Долен дом, Националното собрание. За апсолутно мнозинство потребни се околу 289 пратенички места.
Во првиот круг од изборите за освојување на пратеничките места се натпреваруваат 6.293 кандидати, додека вториот круг следува една недела подоцна, на 19 јуни.
За место во Собранието на кандидатот му се потребни повеќе од 50 % од гласовите и поддршка од минимум 25 % од регистрираните гласачи.
Секој кандидат кој ќе ја добие поддршката од најмалку 12,5 % од регистрираните гласачи може да оди во вториот круг.
извор: Агенција Анадолија (АА).
фото: Агенција Анадолија (АА).