Mилошоски во полиција го пријави Азири кој се закани со кршење раце и нозе

Пратеникот Антонијо Милошоски во моментов се наоѓа во полициската станица Центар во Скопје, каде пред надлежен началник го пријавува функционерот на ДУИ Вaлмир Азири, државен секретар во Министерството за култура за синоќа искажаните закани со физичко насилство кон Милошоски кои воедно се и говор на омраза, дознава МКД. мк.

Азири синоќа предку Фејсбук повика на физичко насилство против Милошоски, со нанесување на телесни повреди.

Инаку, Азири го избришал својот пост, но е веќе пренесен од многу медиуми, а воедно, МВР може со офоцијално барање упатено до Фејсбук (Мета) преку ајпи адреса да го добие постот како материјален доказ.

фото: Архива