Мафијашката ДУИ, поддржана од ЕУ и Кале како тукашен башибозук, ја уценува обвинителката Вилма Русковска да го прекине прогонот против нивниот главен рекетар Арафат Муареми. Тоа го прави преку условување на гласањето во Собрание на сегашниот републички јавен обвинител Љубомир Јовески кој сака да биде иден уставен судија. Затоа Јовески, зачудувачки, истапи со соопштение против неговата колешка и доскорешна добра пријателка Русковска, напиша на својот ФБ профил лидерот на Левица и пратеник Димитар Апасиев.
извор: ФБ Димитар Апасиев