„Со Вашиот став, истовремено сте и „против“ и сакате да не ги изгубите привилегиите на власта. Оваа циркузијада која се случува во Собранието, е за да вие, ДОМ и ЛДП си ја исперете совеста, т.е. ако бидете во ситуација и сами до одите на избори, истовремено да бидете „против“, а истовемено да бидете „за“ и да не ги изгубите привилегиите, истакна во репликата пратеникот на Левица, Борислав Крмов кон Павле Трајанов. Во продолжение ја пренесуваме репликата во целост:
Во овој политички момент, гласање „против“ и мавтање со глупости, со заклучоци со кои знаете дека нема Рамката да ја променат не вредат ништо.
Која е вашата политичка сила? Да излезете од власта. Вие, ДОМ и ЛДП имате четири пратеници. Ако вие сега речете дека ќе излезете од власта ако ова помине, само во тој случај власта ќе ретерира. Овие тендераши и родената мајка би ја продале и нема да застанат освен ако фотелјите не им се во прашање.
Полжави имаат поголем интегритет од вас. Мекотели имаат повеќе ‘рбет. Ништо освен закана за излегување од власта не вреди пет пари во овој момент.
Или кажете дека ќе излезете од власт, или не го замајувајте македонскиот народ со мафтање со хартии.“
извор: Левица
видео: Левица