Падна Ватсап, милијарди корисници не можат да праќаат и примаат пораки

0
275

Апликацијата Ватсап (WhatsApp) од утрово не функционира, така што корисниците не можат да праќаат или примаат пораки.

Неработењето на најпопуларната апликација за пораки во светот потенцијално ќе влијае на милијарди корисници.

Во моментов, корисниците се обидуваат да праќаат пораки, но тие не се испорачуваат.

Ватсап е најголемата платформа за пораки во светот, со повеќе од две милијарди активни корисници месечно и трета најголема социјална платформа по Фејсбук и Јутјуб.

фото: nova.rs